Апелација не добила ниту една жалба во врска до продолжениот притвор на осомничените од 27. април

Во Апелациониот суд досега сѐ уште не е пристигната ниту една жалба од одбраната на осомничените од случувањата на 27. април во Собрание, во врска со продолжувањето на нивниот притвор, објави Мета.

– Досега ниту жалба не е пристигната. Кога ќе пристигнат, ќе видиме колку се и ќе ги разгледаме предметите- ни изјави судијата на Апелацискиот суд Скопје, Сафет Кадрии.

Кривичниот суд во Скопје го продолжи притворот за 30 дена на патениците Крсто Мукоски, Сашо Василевски и Љубен Арнаудов, на поранешниот министер за внатрешни работи и директорот на Бирото за јавна безбедност Митко Чавков, организаторите на протестите на „За заедничка Македонија“ Игор Дурловски, Борис Дамовски, Богдан Илиевски и на уште шестнаесет лица осомничени за насилствата во Собранието.

Домашниот притвор им беше продолжен на пратениците Љупчо Димовски, Јохан Тарчуловски, Жаклина Пешевска и на уште еден осомничен, додека за С.М. и М.М. судот го прифати предлогот на обвинителството за укинување на мерката притвор и определување мерка куќен притвор.

Рокот за поднесување жалба на одлуките беше 48 часа од приемот на решенијата.

 

 

 

 

03.01.2018 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега