Водата од чешмите во село Плетвар и крајпатната кај „Че“ не е безбедна за пиење

Не е исправна за поиење водата од јавната чешми во прилепското село Плетвар и од крајпатната чешма кај ресторанот „Че“ на превојот Плетвар, информираат од прилепската локална самоуправа.

Ова го констатира Центарот за јавно здравје по направеното тестирање на водата за пиење од овие две јавни чешми. Оттаму ги информираат граѓаните да внимаваат и да не ја користат водата од јавните чешми во селото Плетвар и кај ресторанот „Че“.

Медицинските стручњаци препорачуваат водата да не се користи за пиење, без претходно вриење од 10 минути. 

 

 

 

03.01.2018 - 13:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега