Советот за утврдување факти бара разрешување на осум судии поради бегството на Грујевски и Бошковски

Советот за утврдување факти, поднесе иницијативи за утврдување на нестручно и несовесно работење на осум судии, тројца од Апелација и петмина од Врховен.

Станува збор за судии кои им овозможија бегство на Горан Грујевски и Никола Бошковски во случајот „Тврдина Таргет“, оценуваат дел од експертите. 

Грујевски и Бошковски успеаја да избегаат од мерка притвор токму поради одолговлекувањето на некои судии во нејзиното потврдување. Подоцна беа уапсени од грчката полиција во Солун. 

Судскиот совет одлуката за разрешување на овие судии треба да ја донесе во рок од 45 дена од денот на поднесување на барањето.

Грујевски и Бошкоски во петок ќе ја чујат одуката на грчките судии за нивната екстрадиција во Македонија.

 

 

 

03.01.2018 - 15:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега