Заев оствари средба со делегација од иницијативата „Спортски игри за млади“

Премиерот Заев, придружуван од директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, оствари средба со делегација од регионалната невладина иницијатива „Спортски игри за млади“.

Како што информираат од Владата, на средбата, гостите го презентираа развојот на иницијативата, преку успешните примери од изминатите 21 година постоење, како и плановите за развој и вклучување на нови земји во понатамошното организирање на овој спортски настан и упатија отворена покана од годинава и Македонија да земе учество, како во натпреварите во повеќе спортови, така и во логистиката на организирањето на спортските игри за млади.

Средба со делегација Спорстски игри за млади

Премиерот Заев ја поздравил иницијативата и пројавил интерес земјава во блиска иднина да биде дел од оваа спортска иницијатива. 

Тој истакна дека, според презентираното од гостите, бенефитите се поголеми отколку само промоција на спортот и дека тоа е цел концепт од европски вредности кој ги учи младите да создаваат нови мрежи на познанства и контакти со своите врсници од регионот, ги воспитува во духот на здравите спортски навики и прифаќање на различностите, толеранцијата, како и начин на воспитување во духот на конкуренцијата, фер-плејот, натпреварувачкиот дух и тимската работа, што се во основа и вредностите на кои почива европската култура.

 

Иницијативата „Спортски игри за млади“ е поддржана од голем број лидери и влади на држави членки на Европската унија, а во своето 21- годишно постоење учество зеле повеќе од еден милион деца и младинци од целиот регионот.

 

 

 

03.01.2018 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега