Села обвинува дека ДУИ ја блокира работата на Таравари по наредба на Заев

Претседателот на Алијансата н Албанците, Зијадин Села обвини дека мнозинствотото на Советот на општина Гостивар предводено од ДУИ ја опструира работата на градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, под директна наредба на премиерот Заев. Токму поради политичките влијанија на ваквите моќници на власта, буџетот на општина Гостивар сѐ уште не е донесен, истакна Села.

Села смета дека концептот што го промовира премиерот Зоран Заев „Едно општество за сите“ е, како што нагласи голема лага. Тој вакавата оценка ја даде по посетата на Гостивар и средбата со неговиот сопартиец Арбен Таравари.

- Со директни наредби од премиерот, заедно со коалицискиот партнер прават сé за да го блокираат градоначалникот и граѓаните. Тоа е видливо и преку примерот со неставањето на предлог буџетот на дневен ред на седницата на советот. Гостиварци се пример дека големите изјави на премиерот за едно општество за сите и живот за сите во Македонија се само лага зад која се кријат ниски политички игри на СДСМ и на коалицискиот партнер ДУИ - рече Села на прес-конфренција по постета на Гостивар.

И градоначалникот на Гостивар Арбен Травари обвинува дека мнозинството на советот на општината кое го предводи ДУИ, намерно не сака да расправа ниту да го стави на дневен ред буџетот, се со цел како што вели да ја закочи работата на локалната самоуправа.

Мнозинствотото на Советот на Општина Гостивар составено од ДУИ, СДСМ, НДП и ДПТ пак ги отфрла ваквите обвинувања, и вели дека градоначалникот откако стапнал на функциија не може да ги реши проблемите со кои се соочува, и затоа намерно создава дополнителни вештачки проблеми.

 

 

 

03.01.2018 - 21:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега