Во Струмица уништена урбана опрема- расфрлана земја по плоштадот

Засега непознати сторители искршиле повеќе жардинерии на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица. Утрово на повеќе места на плоштадот беше расфрлена уништената урбана опрема и земјата од неа.

Од ЈПКД „Комуналец“ велат дека се згрозени од овој вандалски чин и додаваат дека не е прв пат да се кршат жардинериите и да се уништува урбаната опрема.

Во текот на денот уништената опрема ќе биде замената со нова, а од комуналното претпријатие апелираат до граѓаните да не ја уништуваат опремата, бидејќи таа е набавена од средства на граѓаните и им служи на сите

 

 

 

04.01.2018 - 09:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега