Се намалува водостојот на реките

Водостоите на реките Вардар кај Јегуновце, Сатеска кај Ботун и на Црна Река кај Новаци се повеќе од двојно пониски од просекот за јануари, а кај речиси сите останати реки се пониски во однос на вчера, покажуваат податоците на Управата за хидрометеоролошки работи - УХМР.

Намалени се и нивоата на Вардар кај Скопје, Треска кај Македонски Брод и Крива Река кај Крива Паланка, ист со просекот е водостојот на Вардар во Велес, а зголемување бележат Вардар кај Демир Капија, Пчиња кај Катлановска Бања, Брегалница кај Берово и Црн Дрим кај Ложани.

Нивоата на Охридското, Преспанското и Дојранското езеро се во рамки на јануарскиот просек. 

 

 

 

04.01.2018 - 10:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега