Познат епицентарот на земјотресот кој ја стресе Македонија

Силен земјотрес со јачина од 5.3 степени по Рихтер во 11:46 часот ја стресе Црна Гора.

Земјотресот беше почувствуван и во Македонија.

Црногорските медиуми јавуваат дека епицентарот на земјотресот бил во близина на Плав, на планината Виситор на длабочина од 10 километри.

Силниот земјотрес предизвикал паника кај жителите од околните градови кои излегле на улиците.

Според коментарите на социјалните мрежи, во Македонија земјотресот бил почувствуван во Скопје, Тетово, Охрид…

Изминативе денови серија земјотреси го тресеа југоисточниот дел на Македонија, кои посебно беа почувствувани во Гевгелија и Дојран.

 

 

 

04.01.2018 - 12:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега