Детали за земјотресот кој денес предпладне ја стресе Македонија

Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје денеска во 11 часот и 46 минути регистрирaше земјотрес со Рихтерова магнитуда од 5,1 степен со епицентар 145 километри северозападно од Скопје, во Република Црна Гора. 

Како што соопштуваат од Сеизмолошката опсерваторија, земјотресот е почувствуван од населението во западна Македонија и во градот Скопје.

Во Тетово и Гостивар земјотресот е почувствуван со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, во Скопје, Струга и Кичево со интензитет од III - IV степени, а во Охрид  со интензитет од III степени.

 

 

 

04.01.2018 - 13:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега