Денеска дожд и снег - од утре температури несвојствени за јануари

Денеска времето во Македонија во утринските и попладневните часови ќе биде одбележано со врнежи кои ќе бидат претежно од снег и кои ќе бидат пообилни на југозапад. Врнежите од снег повремено ќе засилуваат на одредени места.

Од утре во поголем дел од државата ќе биде стабилно и суво, а дневните температури ќе бидат над просекот за овој период од годината што ќе предизвика топење на снежната покривка.

Дневните температури утре ќе достигнат максимум до 13-тиот степен. 

УХРМ информира дека најсончево ќе биде во сабота, а во недела ќе има умерена до значителна облачност.

По котлините, вклучувајќи ја и Скопската, ќе има магла и ниска облачност, особено во недела. Дневната температура во овие места ќе остане пониска. 

 

 

 

04.01.2018 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега