Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е против промена на уставното име и идентитетот на нацијата

ВМРО-ДПМНЕ во моментов е надвор од процесот за решавање на спорот со името бидејќи никој не го поканил да биде дел од процесот, ниту има каква било информација што се случува официјално, ниту неофицијално, ова вечерва го потенцира лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во отвореното студио на МТВ.

-Она што ВМРО-ДПМЕ го добива како информација од процесот е од конференции, натписи по медиумите, полувистини, а можеби и вистини и не знаеме како да ги квалификуваме бидејќи немаме реални суштински информации и не сме дел од тој процес, вели Мицкоски.

Тој вели дека годинава започнала бурно и има доста разговори помеѓу Заев и Ципрас и информации за неформални вечери во Солун, но сето тоа е она што тие го дознаваат од медиумите и затоа не може да говори за овој процес.

-ВМРО-ДПМНЕ не учествува во тој процес бидејќи претпоставувам од страна на Владата на СДСМ е одбрана оваа методологија на начин на преговарање. ВМРО-ДПМНЕ е против промена на Уставот и промена на уставното име Република Македонија, а тоа е и мој став како Христијан Мицкоски како и ВМРО-ДПМНЕ кое е против промена на идентитетот и нацијата на Република Македонија. Секое она решение кое што ќе подразбира промена на уставот и промена на уставното име ние како партија сме против како и јас лично, истакна Мискоски.

 

 

 

04.01.2018 - 23:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега