Наместо 200 судиите поротници да добиваат најмалку 400 денари од судење

Судиите поротници од судовите во Скопје, Тетово, Гостивар, Куманово, Охрид, Струга, Битола, Прилеп, Штип, Струмица, наместо по 200 денари, да добиваат најмалку по 400 денари од судење, додека во Дебар, Кичево, Крушево, Ресен, Виница, Кратово да добиваат 250 денари, наместо досегашните 125 денари од судење. 

Ова се очекувањата на претседателот на Судскиот совет, Зоран Караџоски, кои ги изнесе на прес-конференција пред јавноста, велејќи дека очекува министерот за правда да донесе нов правилник за исплата на надоместоците на поротниците, пренесе Макфакс.

Гласот на судиите поротници на гласањето е подеднакво важен како и тој на судијата или судиите.

 

 

 

05.01.2018 - 08:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега