Опозиција: ВМРО-ДПМНЕ се консолидира - БЕСА се распаѓа

ВМРО-ДПМНЕ го свика Централниот комитет. Во петок највисокото партиско тело на опозициската партија ќе ги избира новите членови на Извршниот комитет чиј мандат заврши со оставката на Груевски.
Партиски извори за Сител велат дека може да се очекуваат поголем број на нови имиња а ќе се разговара и за измени во партискиот статут кои треба да донесат модернизација на партијата.
Информациите ги потврди и партискиот лидер.

И додека новото раководство на ВМРО-ДПМНЕ прави напори да ги збие партиските редови по валандовскиот конгрес, во втората по големина опозициска партија во Собранието БЕСА, поделбите допрва започнуваат, па движењето функционира со двајца претседатели кои водат два спротивставени табори.
 Едниот од нив, Билал Касами  беше на средба со Заев. По неа, владата информираше дека за Касами нема фотелја на Илинденска

Партиската фракција која одржа состанок и го разреши Касами вели дека тој нема мандат за да разговара со Заев бидејќи веќе не е претседател на БЕСА.

 

 

 

11.01.2018 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега