Хрватска, Франција, Шпанија и Македонија се единствените со две победи на ЕП досега

Фаворитите за медал и плус Македонија се единствените четири репрезентации кои по 2. кола забележаа две победи на Европското ракометно првенство (ЕП) кое е во тек во Хрватска.

Македонија е во друштво на Хрватска, Франција и Шпанија.

Хрватите денеска се среќаваат со Шведска во битката за опстанување на врвот. Франција за ривал ја има Белорусија, додека утре ќе има два големи дуели. Прво Македонија ќе ги одмери силите со составот на Германија, а потоа следува мечот Шпанија – Данска.

Доколку сите четири селекции успеа да победат на последните средби во првиот круг тогаш во следната фаза влагаат со по четири поени, а тоа значи и дека имаат најголеми шанси за пласман во завршницата односно во полуфиналето.

Како што е познато, Македонија в среда ќе игра против Германија од 18:15 часот.

 

 

 

16.01.2018 - 12:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега