Познат идентитетот на убиената жена во Чаир

Жена усмрти друга жена во инцидент кој се случил синоќа на улицата „Дижонска“ во скопската населба Чаир- дознава TV SHENJA.

Телевизијата SHENJA објавува детали за убиството што се случи синоќа на улицата „Дижонска“ во скопската населба Чаир.

Како што дознава TV SHENJA, вчера на местото дошла 41- годишната Ж.К од Тетово, која ја нападнала 33- годишната М.Ш со секира. Потоа, M.Ш ја прободела со нож и ја усмртила Ж.К.

Ж.К била испратена со возило на брза помош во болница, но им подлегнала на повредите

Екипи од МВР и Јавното Обвинителство веднаш излегле на местото на настанот за да го истражат случајот.

Се очекува МВР да излезе со официјална верзија за убиството на Дижонска.

 

 

 

21.01.2018 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега