Трагедија во Македонија: Страшна сообраќајка, возачот починал

Трагедија ја потресе синоќа Македонија кога во 17 часот и 50 минути на патниот правец Битола-Прилеп, во близина на бензинската пумпа, се случи сообраќајна незгода помеѓу возило „Опел астра“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 61-годишниот Г.Б. од Прилеп и товарно возило „Форд транзит конект“ со штипски регистарски ознаки управувано од 26-годишниот П.П. од Штип.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил Г.Б. кој бил пренесен во Општа Болница Прилеп, каде во 21 часот и 30 минути им подлегнал на повредите.

Увид извршиле јавен обвинител и увидна екипа од Полициска станица Прилеп.

 

 

 

27.01.2018 - 11:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега