Ја извадија од вода, па ја истепаа - минувачите на Кејот на Вардар запрепастени

Жената која попладнево скокна во Вардар била извадена од реката од нејзиниот татко, по што ја однеле на Психијатрија. Како што дознава Сакамдакажам, се работи за 27-годишната М.А. која била зебележана во водите околу 13 часот и 30 минути.

Како што пишуваат од порталот, веднаш по неа скокнале двајца мажи кои биле во близина, по што откако ја извадиле ја тепале и се расправале со неа.

Од болницата 8 септември велат дека жената нема видливи повреди, има лесна хипотермија од студената вода и дека е во релативно стабилна состојба. Ја прегледувал и психијатар.

 

 

 

30.01.2018 - 16:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега