Нова цена на горивата - неколку недели цената „скока", ќе има ли повторно поскапување

 

Бензините и дизелот од пред две недели поскапеа за 1 денар по литар, а дизелот  ја помина границата од 60 денари за литар и сега се точи за 60,5 денари.

ЕУРОСУПЕР БС 95 чини 67,5 денари за литар а ЕУРОСУПЕР БС 98 69,5 денари.

За помалку од 6 месеци горивата поскапеа и за 14 денари по литар.

По две недели, денеска Регулаторната Комисија за енергетика ќе ја донесе новата цена на горивата. Одлуката ќе ја соопштат на пладне, а ќе важи од вечерва на полноќ.

 

 

 

05.02.2018 - 08:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега