Директорката на 11-ти Октомври негира одговорност за скршениот череп на ученичка

Вчера Телма го објави случајот со повреденото дете за што мајката бараше одговорност од надлежните, но засега случајот сеуште не е пријавен во полиција.

Несреќата  се случил пред почетокот на фолклорниот час кој требало да го држи културниот центар, но во изнајмена спортска сала на училиштето. И од културниот центар велеа дека децата биле под надзор, но повредата е резултат на детската игра токму на братот на девојчето. Оваа метална шипка паднала врз главата на девојчето откако дел од децата ја тегнеле мрежата која била обесена за шипката. На повреденото девојче морало да му се направи операција бидејки делови од искршениот череп завршил во обвивката од мозокот- пишува Телма.

Во меѓувреме преку писмо реагираше директорката на училиштето и за Телма вели дека настанот се случил по завршување на наставата во салата која училиштето ја издава на Културен центар Карпош.

За организацијата, безбедноста и редот е одговорно лицето кое го изнајмува просторот. ДКЦ Карпош ја користи салата за фолклор и надлежната ги опоменала учениците и побарала одговорно да се однесуваат, но тие продолжиле со влечење на мрежата што доведе до повреда на ученичката. Во салата се сместени реквизити кои се безбедни и сигурни. На видно место во салата е истакнато писмено известување за соодветно однесување на учениците кон реквизитите, кажа Даница Блажевска – в.д. директор на ОУ 11-ти Октомври.

 

 

 

 

08.02.2018 - 20:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега