Владика Тимотеј: СПЦ нема намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА
Српската православна црква (СПЦ) нема сериозна намера да го реши црковниот проблем со МПЦ-ОА, а тој нејзин став не е променет веќе неколку години, смета митрополитот дебарско-кичевски г. Тимотеј.
- Постои голема веројатност на мајскиот собор на СПЦ да биде отворено прашањето за натамошното делување и решавање на црковниот спор со МПЦ, но искрено не верувам дека на тој собор ќе биде постигнат некаков договор, го пренесува „Слободен печат“ владиката Тимотеј.
За барањето на МПЦ-ОА за заедничко сослужување со БПЦ, вели дека тој потег е паметен и би донел само позитивни работи.
- Не знам дали заедничкото сослужување со МПЦ би предизвикало каква било штета или последици за БПЦ поради тоа што сослужува со црква која е надвор од единството, но на тоа прашање нека размислува бугарскиот црковен врв, истакнува г. Тимотеј.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа