Заев се надева на решение за името: Согласност за 3 од 7 точки

 

 

Македонскиот премиер Зоран Заев вели дека е оптимист за решавање на спорот со Грција, но додава дека важни во преговорите се идентитетот и достоинството. Оптимизмот го темели на тоа што, како што посочува, од седумте појдовни точки за три веќе е постигната согласност.

- Медијаторот Нимиц го води процесот, тој ги знае во суштина работите кои можат да поминат, кои не можат да поминат кај едната и кај другата страна. Важно е да се гради довербата помеѓу двете страни во функција на решавање на проблемот. Мене ми е драго што се разглобени во суштина сите отворени прашања. Ако тргнеме од некои седум позиции кои беа појдовните точки на разговорите, знам дека веќе е намалено на четири позиции, три се отстранети. Јас верувам дека со политиката на новата Влада многу брзо ќе можат да се отстранат и другите позиции, изјави вчера Заев. Потенцира дека, веројатно тие биле најлесните прашања, но како што рече, тоа треба да биде сигнал за нас и охрабрување за грчката страна дека е можно да се изнајде решение.

- Секако, суштинските позиции се многу значајни, името, Уставот дали ќе се менува или не, јазикот и други работи кои таму се спомнуваа. Тоа е суштината на самиот преговарачки процес и можноста за изнаоѓање на решение, рече Заев. 

 

 

 

15.02.2018 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега