Македонија и Косово ќе соработуваат во секторот иновации

 

Соработка на Македонија и на Косово во секторот иновации договорија на средбата во Скопје тимови на двете држави предводени од директорот на македонскиот Фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) Јован Деспотовски и косовскиот министер за иновации и претприемништво Бесим Беќај.

- Во однос на институционалната поставеност, моделот на Министерство за иновации што го развива Косово, по примерот на Словенија и повеќе други држави од ЕУ може да биде корисен и за Македонија, кажал Деспотовски, соопшти ФИТР.

На средбата се претставени програмските активности на ФИТР, услугите, можностите што ги нуди, плановите и предизвиците во наредниот период, со акцент на владиниот План за економски раст чиј трет столб се фокусира на финансиска поддршка на микро, мали и средни претпријатија за иновации и технолошки развој. Од косовска страна биле истакнати предизвиците со кои е соочено Министерството за иновации и претприемништво.

- Како Министерство и самите сме старт-ап, па затоа сакавме да видиме како функционира вашиот Фонд во поглед на легислативата и финансирањето на привантниот сектор, посочил министерот Беќај, соопшти ФИТР. 

 

 

 

15.02.2018 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега