ЕК: Социјалните мрежи да вложат повеќе напори за заштита на корисниците

Социјалните мрежи треба да вложат повеќе напори за да ги исполнат барањата што во март минатата година ги поставија Европската комисија и телата за заштита на потрошувачите на државите членки на ЕУ, за почитување на правилата на Унијата за заштита на корисниците, соопшти Еврокомисијата.

Промените што ги направија Фејсбук, Твитер и Гугл Плус, за да ги усогласат своите услови за користење со правилата на ЕУ за заштита на корисниците, беа објавени денеска.

Од овие промени ќе имаат полза повеќе од четвртина милијарда корисници од ЕУ, кои користат социјални мрежи. Граѓаните нема повеќе да бидат принудувани да се откажуваат од загарантираните права, како на пример правото да вратат производи купени онлајн, и тие ќе можат да поднесат жалби во Европа, а не во Калифорнија и платформите доставувачи на онлајн услугите, ќе преземат фер удел од одговорноста кон корисниците во ЕУ.

Промените, сепак, само делумно одговараат на барањата согласно правото на ЕУ за заштита на корисниците.

Додека последните предлози на Гугл изгледаат во согласност со барањата на телата за заштита на потрошувачите, Фејсбук, и во поголема мерка Твитер, само делумно ги решиле важните прашања во врска со одговорноста и начинот на информирање на корисниците, односно евентуално отстранување на содржините или прекин на договорот.

Комисјата оцени и дека не се соодветни промените што ги вовеле некои мрежи во однос на процедурата за пријавување и за барање на остранување на незаконска содржина, што ги користат телата за заштита на потрошувачите.

 

 

 

15.02.2018 - 16:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега