ВМРО-ДПМНЕ: Автобуската станица нема да го заживее ГТЦ
Наместо нови асфатлирани улици, нови паркови и зелени површини, наместо нови водоводи и канализации градоначалникот Петре Шилегов срамно се фали со тоа што пуштил во употреба простор кој ќе биде автобуска станица во ГТЦ, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата посочуваат дека во недостаток на вистински проекти Шилегов се посрамоти.
-Забеганоста оди дотаму што за врвно достигнување во неговата работа се смета просторот наменет за автобуската станица, и згора на тоа организирал и музика. Целиот овој настан спаѓа во рубриката верувале или не, велат од партијата.
Од ВМРО-ДПМНЕ му порачуваат на Шилегов да ги засука ракавите и да започне со вистинска работа и проекти.
-Сигурно нема да го врати животот на ГТЦ како што тој вели со нова автобуска станица. По искривената логика на Шилегов, причината поради која ќе заживее ГТЦ е редењето на автобуска станица во ГТЦ, и обезбедувањето на тој начин поголема бројност со луѓе, тогаш по истата таа негова логика и преселувањето на скопското зелено пазарче во ГТЦ би донело уште поголема бројка на луѓе. Но реалноста е дека за заживување на ГТЦ не е потребна автобуска станица, ниту ново пазарче, туку темелна реконструкција, информираат од ВМРО-ДПМНЕ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа