Заев-Маркуш: Словачка со поддршка за патот кон ЕУ и НАТО

 

Словачка ја поддржува Македонија во ЕУ и НАТО интеграциите и ќе и помага во значајните области, истакнале на денешната средба во Скопје премиерот Зоран Заев и амбасадорот на Словачка Хенрик Маркуш, соопшти владината прес- служба.

На средбата е констатирано дека во Македонија постои позитивна клима за напредок, а разгледана е и можноста за експертска помош и поддршка од Словачка и во делот на работата на поглавјата при пристапниот преговарачки процес.

- Словачкиот амбасадор Маркуш оцени дека е одлична реформската агенда чиишто резултати се значајни за интеграциските процеси на државата. Тој пренесе дека Словачката Република продолжува да ја поддржува Република Македонија во НАТО и ЕУ интеграциите и нагласи дека за земјата е важно што поскоро да биде отворен преговарачкиот процес со ЕУ, се вели во соопштението.

Премиерот Заев се заблагодарил за поддршката од Словачка истакнувајќи дека Владата на РМ работи на сите важни области за квалитетот на животот на граѓаните и за перспективите на државата и оти секое позитивно искуство, помош и поддршка се значајни.

 

 

 

19.02.2018 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега