Филипче на Форум на земјите од ЈИЕ во Подгорица во организација на СЗО

Министерот за здравство Венко Филипче учествува на дводневен министерски форум на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Подгорица, Црна Гора, во организација на Светската здравствена организација.

Од Министерството за здравство соопштија дека главна тема на форумот е важноста на имунизацијата, придобивките од неа, како и предизвиците и можносите со кои се соочуваат земјите на ЈИЕ.

Во рамки на фoрумот, министерот Филипче се сретнал со регионалниот директор на СЗО за Европа, Сузана Јакаб, а предвидена е и средба со министерот за здравство на Црна Гора, Кенан Храповиќ.

На форумот ќе биде потпишано и писмо на намери во врска со важноста на имунизацијата, потребата од јакнење на системот за вакцинација, како интегрален дел од здравствениот систем на земјите на ЈИЕ, информираат од Министерството за здравство.

 

 

 

19.02.2018 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега