Кавадарчанка приморувала дете да се проституира

Единицата за трговија со луѓе и криумчарење мигранти при Одделот за сериозен и организиран криминал на МВР до ОЈО за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против 42-годишната М.Д. од Кавадарци поради постоење на основано сомнение за сторено кривично дело - “трговија со дете“ по член 418 од КЗ на РМ.

Имено, според документираните сознанија, утврдено е дека пријавената во текот на декември минатата и јануари оваа година го принудувала детето Р.И. штитеник на ЈУ за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми“25 Мај“, да дава сексуални услуги на поголем број лица за одреден паричен надомест.

Исто така, покрај сексуалната експлоатација, пријавената вршела и трудова експлоатација врз детето принудувајќи ја за нејзина сметка да питачи.

М.Д. е задржана во Полицијата Кисела Вода  и во текот на денот ќе биде однесена за распит при Судија на претходна постапка од Основниот суд Скопје 1.

 

 

 

25.02.2018 - 13:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа