МЗШВ: Проблемот со брашното ќе биде надминат

 

Министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија и на Република Србија, Љупчо Николовски и Бранислав Недимовиќ се во комуникација и проблемот со брашното ќе биде надминат.

Ова денеска за МИА го посочија од македонското Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство. 

Разговорите меѓу двајцата министри следат откако Србија најави контрамерки по воведувањето на мерките од македонска страна за увозот на српско брашно.

-  Градиме пријателство и позитивен однос со сите соседи и верувам дека кога во минатото сме изнаоѓале решенија за многу потешки прашања, ќе најдеме решение и за ова прашање, изјави вчера премиерот Зоран Заев. 

 

 

 

26.02.2018 - 16:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега