По барање на Мицкоски нема да се оди во Жан Моне – меѓу партискиот дијалог се сели во Охрид

Процесот „Жан Моне“ од Париз се сели на македонска територија. По заложби на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, како што дознава „Алфа“ од дипломатски извори процесот за меѓупартиски парламентарен дијалог нема да се одвива во куќата на Жан Моне, туку во Охрид. Предмет на разговорите не е промената на името, туку меѓупартиски парламентарен дијалог.

Неофицијално Алфа дознава дека европратениците изразиле загриженост за случувањата во законодавниот дом и бројните апсења на пратениците, но сепак официјално не коментираат за внатрешно политичката состојба.

Ваквата промена на мегународен план и подобрување на позициите на Република Македонија доаѓа по меѓународната офанзива на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во Брисел, каде се сретна со врвот на ЕУ и ЕПП, но и самите европратеници, Кукан, Вајгл и Флекенштајн. Вашингтон каде оствари средби со високи претставници на администрацијата на Трамп, но и други фондации и тинк-тенк организации.

Средбите според европратениците Кукан и Вајгл најверојатно ќе започнат веќе следниот месец. Известувачот за Македонија во ЕП Иво Вајгл – оптимист е дека е возможен нормален демократски дијалог меѓу двете најголеми политички партии. Ја повика опозицијата да се вклучи во работата на законодавниот дом за доброто на државата и таму да се носат заклучоците.

– Верувам дека е возможен нормален демократски дијалог во парламентот.  Одлуките и заклучоците ќе се донесат во Собранието. Власта и опозицијата треба да работат заедно за доброто на државата. Без политички дијалог меѓу нив, нема европска иднина за Македонија, вели Вајгл.

Европратеникот Кукан, пак, порача дека за иднината на Македонија и нејзиното членство во ЕУ и НАТО, потребен е дијалог помеѓу партиите. Негира дека на средбите како дел од процесот „Жан Моне“ ќе се разговарало за спорот за името.

– Во дијалогот Жан Моне нема да зборуваме за прашањето за името. Никогаш не сме зборувале за тоа. Ќе говориме за дијалогот меѓу парламентарните политички партии. Нашата цел е култивирање на политичкиот дијалог и на компромисот“, вели европратеникот Кукан.

Иако моментално опозицијата не учествува во работата на Собраните, неколку пратеници на ВМРО-ДПМНЕ денеска учествуваа на Конференцијата на комисиите за европски прашања од Западен Балкан како позитивен знак дека ја поддржуваат европската агенда.

 

 

 

28.02.2018 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега