Видео: Сите заинтересирани може да го видат блиндираниот Мерцедес на 7 март

„Државата во моментов има уште 2 блиндирани возила кои се во употреба“, изјави директорот на Службата за општи и заеднички работи во Владата, Пеце Мирчески, на прашање на „Макфакс“ со што ќе се превезуваат понатаму странските делегации во земјава а видеото го објави А1 ОН.

Владиниот портпарол, Миле Бошњаковски, изјави дека сите странски делегации ќе бидат обезбедувани како и досега со највисоко ниво на безбедност. На денешната прес-конференција во Владата, беше објавено дека ќе се продава екстралуксузниот „мерцедес“, кој го нарачи поранешниот премиер Никола Груевски.

Станува збор за „мерцедес-бенз“, тип С 600, со година на производство 2012 и со поминати 80 илјади километри. Сите заинтересирани кои ќе сакаат да направат увид во состојбата на „мерцедесот“, тоа ќе можат да го направат на 7 март.

Почетната цена е 14 милиони и 372 илјади и 208 денари. Банкарската гаранција од 2% од проценетата вредност на возилото е 287 илјади и 444 денари.

 

 

 

28.02.2018 - 13:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега