Џафери: Јас можам да расправам цела ноќ, но дали можат пратениците

Претседателот на Собранието на Република Македонија Талат Џафери очекува во наредните денови да се најде решение за над 35-те илјади амандмани на Законот за употреба на јазиците поднесени од опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

- „Комуницирам со претставници на пратеничките групи, вклучувајќи ја и ВМРО-ДПМНЕ и мислам дека сме блиску до решение Јас можам да расправам и цела ноќ, но дали можат и другите пратеници, тоа не е решение“, рече Џафери на брифинг со новинарите.

Дециден е дека нема да дозволи нова блокада.

 

 

 

28.02.2018 - 13:53
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега