Љубе Бошкоски очи во очи со Алфите: Сега не се толку расположени како кога ме апсеа

Љубе Бошкоски очекува да профункционира правната држава, дека  судот во случајот „Тортура“ ќе одлучи по доказите со кои располага, а правдата да ги стигне сите кои го прекршиле законот.

- Мислам дека конечно ќе профункционира правната држава и дека сите ќе ги стигне правдата. Ова судење ќе биде една порака како не треба во иднина да се применува законот. Мислам дека судот ќе одлучи по доказите со кои располага и дека правдата ќе ги стигне сите кои се огрешиле по законот, изјави Бошкоски по денешното одолжување на судењето за „Тортура“ во Кривичниот суд.

Прашан дали денеска во судот првпат ги гледа припадниците на единицата „Алфи“ кои го апсеа рече дека ги гледа првпат по речиси седум години.

- Истите ликови се. Сега не се толку расположени како тој ден кога ја извршуваа задачата од нивниот наредбодавецот и тогашен шеф на државната безбедност, изјави Бошкоски.

За случајот „Ровер“ посочи дека и таму чека правдата да биде задоволена.

Денешното рочиште за „Тортира“ беше одложено за 23 март бидејќи, како што образложи судијката Александра Ристеска, не биле испоплнети условите за почеток на судењето.

 

 

 

28.02.2018 - 13:59
Фото: 
МИА

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега