Врнежите од снег ги отсекоа селата во липковско - жителите во недостиг на храна и лекови

 

Снежната бура која деновиве ја зафати Македонија, ги отсече селата од липковско. Жителите имаат недостиг од храна, лекови и други основни потреби, објави Алсат М. Поради снегот прекината е и наставата во училиштата. Жителите апелираат до надлежните за побрзо расчистување на снегот од патиштата.

Од Гошинце до Липково има 17 километри, а патот е блокиран зашто имаме 60 сантиметри снег. Апелирам до општината да го исчисти патот затоа што селаните се блокирани”, вели еден од жителите за Алсат М.

Жителите на овие села секоја година во зима се соочуваат со истиот проблем.

 

 

 

 

28.02.2018 - 23:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега