ВИДЕО: Почесниот конзул на Македонија во Перу нападнал полицаец

Почесниот конзул на Република Македонија во Перу, Деан Атанасовски, нападнал полицаец, јавуваат перуанските медиуми. Според телевизијата „Frecuencia Latina“, не може да се заклучи кога се случил инцидентот, но се знае дека пред нападот имало расправија со соседите во која интервенирала полицијата, пренесе Плсуинфо.

Во прилогот, кој е објавен на Јутјуб од 30 август годинава, репортерот објаснува дека Атанасовски во расправијата ги туркал соседите и полицаецот кон влезната врата од зградата во која живеел, а каде всушност се наоѓа Конзуларното претставништво на Република Македонија. 

Новинарот во прилогот коментира дека ова не било прв пат почесниот конзул Атанасовски да се однесува „недипломатски“.

05.09.2013 - 14:50

најчитано сега