Младите архитекти со свои идеи за идното уредување на Охрид

 

Охрид како урбанистички предизвик беше тема на презентацијата што пред студентите на Aрхитектонскиот факултет од Скопје денеска се одржа во Охрид.

Градоначалникот на Охрид Јован Стојаноски како особено важни ги оцени идеите на младите и идните архитекти, младите интелектуалци во идното урбанистичко уредување на градот.
Претставници на општинскиот Сектор за урбанизам извршија презентација на Охрид како подрачје со богато културно-историско наследство заштитено од УНЕСКО, а беа презентирани и постоечките урбанистички планови за градот. Пред младите архитекти беа презентирани и неколку локации и објекти чие идно преуредување ќе биде задача на идните архитекти.

Студентите се запознаа и со културната стратегија на локалната власт, со акцент врз намерата Охрид да биде кандидат за негово прогласување за Европски град на културата.

На средбата беше нагласено огромното културно-историско богатство што како потенцијал го поседува Охрид, но истовремено беше укажано на отуството од соодветни или рационално искористени објекти за нивна добра промоција. Општ заклучок од средбата е дека постојат сегменти каде треба да се работи на преуредување на Охрид, но секако согласно препораките на УНЕСКО.

Инаку, студентите по архитектура заедно со професори и претставници на Општина Охрид попладнево посетија и разгледаа неколку локации низ градот, за кои подоцна ќе дадат свои идеи и замисли околи нивно идно уредување.

 

 

 

05.03.2018 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега