Тетовец остана без својот автомобил- влегол во месарница, а кога се вратил возилото исчезнало

Утринава, околу 08 часот и 10  минути , 57- годишниот Р.Ј од Тетово пријавил дека непознат сторител го одзел неговото патничко возило „Тојота“ со тетовски регистарски ознаки.

Имено тој го оставил возилото пред месарница на тетовскиот зелен пазар со клуч во бравата. Сторителот влегол во возилото, го стартувал и побегнал во непознат правец, се вели во соопштението од МВР.

На тој начин сторителот се стекнал со противправна имотна корист од околу 6.600 евра.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на возилото и сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

07.03.2018 - 11:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега