Се наполнија ли граничните премини за сончевиот викенд
Сообраќајот на државните патишта се одвива по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен.
На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата, соопшти Автомотосојузот на Македонија (АМСМ) во утринскиот извештај за состојбата на патиштата.
Препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Во клисурите и засеците можна е појава на одрони, особено на патните правци: Кочани - Македонска Каменица - Делчево, Виница - Берово, Гостивар - Стража, Маврово – Дебар - Струга, Демир Капија - Удово, Катланово - Велес, Крушево - Демир Хисар и Ресен - Буково. Законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на временската состојба, трае до 15-ти месецов.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа