НАСА ја истражува атмосферата на Месечината

НАСА изутринава лансираше беспилотно летало со задача да ја истражи атмосферата на Месечината, што е трето лунарно истражување на американската вселенска агенција во изминатите пет години.

Леталото е лансирано рано изутринава по средно европско време од космодромот Валопс во сојузната американската држава Вирџинија.

Станува збор за вселенски брод вреден 280 милиони долари, кој се движи на соларен погон и литиумски батерии, а неговата големина е колку помал автомобил. Неговото патување до орбитата на Месечината ќе трае околу еден месец, а самото истражување сто денови.

07.09.2013 - 13:07

најчитано сега