Левица ќе удира по џебот на пратениците и на сите функционери

 

По потпретседателите на Владата, партијата Левица сега планира да удри и по џебот пратениците и останатите функционери. Партијата до Уставниот суд веќе поднела иницијатива за укинување на правото на апанажа.
Според Левица, неправедно е пратениците да земаат апанажа во ситуација кога ниту еден друг работник нема право на ваков надоместок.
„Секој работник, треба да работи 25 години за да има право 12 месеци да добива надомест од државата и тоа во износ од половина од просечната плата. Во таква ситуација дегутантно е пратениците на земаат апанажа за што им се потребни само 24 месеци работа. И тоа парите кои ги земаат, се знае во колку висок износ се“ – вели за Телма Зоран Василевски од Левица.

Партијата Левица неодамна ја доби „битката“ со вицепремиерите по што Уставниот суд им ја намали платата за некои 120 евра, па сега месечно земаат по околу 1430 евра чиста плата.

 

 

 

20.03.2018 - 11:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега