Вангеловски ги зема телефоните на новинарите - се одлучува за притворот за пратениците
Без телефони и без основно средство за комуникација со редакциите, новинарите треба професионално да пренесат што ќе се случува на отворената седница во Врховен каде се одлучува за притворите на пратениците.
Врховниот суд на чело со Јово Вангеловски, кој е и претседател на петчлениот совет на судии кој треба да одлучува по жалбите, пресече дека поради телекомуникациски пречки во текот на судењето, телефоните на новинарите, ќе се одземат, пренесе Алсат.
Ваква пракса на одземање на телефони имаше само за случајот „Диво насеље“.
Пратениците ја чекаат одлуката.
20.03.2018 - 11:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа