МНР: Коѕијас во четврток ќе слета на „Меѓународниот аеродром Скопје“
Коѕијас во четврток и петок ќе долета во Скопје на „Меѓународниот аеродром Скопје“ –информираат од МНР
Би сакале да ве информираме дека министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, ќе оствари официјална посета на Република Македонија, во четврток и петок (22-23 март 2018г.). Грчката делегација предводена од МНР Коѕијас, во четврток ќе пристигне на Меѓународниот аеродром Скопје.
На 30 март 2018 година (петок), министрите за надворешни работи на Република Македонија и на Грција, Никола Димитров и Никос Коѕијас, ќе се сретнат во Виена, заедно со личниот пратеник на Генералниот секретар на ОН, Метју Нимиц.“ – стои во соопштението на МНР.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа