Најнови детали: Со секира ги искршил апаратите во струмичкото казино, штетите огромни

Министерството за внатрешни работи соопштува дека вчера околу 17 часо и 45 минути, 49-годишниот А.В. од струмичко Василево со секира влегол во казино во Струмица.

Струмичанецот оштетил 45 апарати за игра на среќа и два рулета, причинувајќи материјална штета од околу 1.500.000 денари, информираат од МВР.

Од страна на полициски службеници лицето било приведено и по целосното расчистување и документирање на случајот против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

 

 

22.03.2018 - 10:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега