Познат идентитетот на ранетите војници во тетовската касарна

Според информациите на Алсат-М, повредени од огнено оружје во тетовската касарна се 19- годишниот Ј.М од село Сарачино, кој веднаш е внесен во операциона сала и 37-годишниот В.Ш од Скопје, кој како итен случај веднаш е префрлен на клиниките во Скопје.

Настанот се случил во еден од хангарите во касарната К.Ј. Питу.

Според првичните информации, настанот се случил по вежбата што ја имале војниците во касарната  додека го чистеле оружјето.

Доктор Фатмир Салију од тетовската болница за МИА информира дека војниците биле со прострелна рана и искршеници на екстремитетите и заради тоа се префрлени во скопските клиники.

 

 

 

22.03.2018 - 11:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега