Автомобил се заби во камион: Страшна несреќа во Македонија, има тешко повредени

Околу 07 часот и 15 минути на патот Куманово - Свети Николе се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Форд Фиеста“ со светиниколски регистарски ознаки управувано од 35-годишниот И.Т. од Свети Николе и автобус „МАН“ со беровски регистарски ознаки управуван од 59-годишниот К.Ј. од Делчево.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил И.Т. кој со возило на Итна медицинска помош е пренесен во Клиничка болница Штип, од каде по укажаната лекарска помош е препратен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје.

Извршен е увид на местото на настанот.

 

 

 

23.03.2018 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега