Кражба во аптека во Битола: Го украл дури и фиксниот телефон

На улицата „Ордан Николов“ во Битола, вчера во 18 часот и 45 минути, непознат сторител извршил разбојништво. 

Сторителот  со закана со пиштол од вработените одзел 80 шишенца (по 10мл) „метадон“, околу 2.000 денари, мобилен и фиксен телефон, по што побегнал во непознат правец.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

 

 

 

24.03.2018 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега