Му удрил неколку тупаници и си заминал: Детали за нападот врз пратеникот Горан Милевски

Со полесни повреди поминал лидерот на ЛДП и пратеник во Собранието Горан Милевски по денешниот инцидент на плоштадот во Скопје. Како што дознава Press24 од свои извори, на Милевски му пришло непознато лице и почнало да го удира со тупаници во пределот на телото и главата. Напаѓачот успеал да го удри неколку пати со тупаница по што си заминал.
Милевски со лесни повреди се пријавил во болница.

Нема информации кои се мотивите на нападот но се претпоставува дека се поврзува со носењето на Законот за јазици и поддршката кои пратениците од владејчакото мнозинство му ја дадоа на овој закон.

Информацијата ја потврдија и официјално од МВР. Од таму изјавија дека инцидентот се случил околу 16:30 часот и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Пратениците на власта се на мета на напади по донесувањето на Законот за јазици во Собранието. На една пратеничка веќе и беше запален автомобилот додека пред домовите на други пратеници се одржуваа протести,.

 

 

 

25.03.2018 - 22:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега