МВР со детали за страшната сообраќајка вчера во Македонија - младо момче загина

Вчера попладнето, во 15:05 часот на магистралниот пат Куманово-Крива Паланка, во близина на село Војник, дошло до судир помеѓу патничко возило „Алфа Ромео“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 27-годишниот Н.С. од село Марино, скопско и товарно возило „Сканиа“ со скопски регистарски ознаки со полуприколка, управувано од 43-одишниот Д.А. од село Волково, скопско. 

Притоа, со тешки телесни повреди се здобил Н.С. којшто бил пренесен во Ургентен центар Куманово, каде им подлегнал на повредите. Д.А. и сопатникот од товарното возило Ј.Д. (42) од село Волково биле пренесени во болницата во Куманово и биле задржани на лекување. Кај Д.А. биле констатирани тешки телесни повреди, а кај Ј.Д. телесни повреди.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.

 

 

 

26.03.2018 - 11:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега