ВМРО-ДПМНЕ демантира: Нема да има лидерска ниту било каква друга средба поврзана со преговорите за името
ВМРО-ДПМНЕ ја информира јавноста дека нема да има лидерска средба ниту било каква друга средба поврзана со информација околу текот на разговорите за проблемот што Република Грција го има со нашето уставно име, велат од партијата.
-Ширењето на дезинформации во јавноста на ваква тема е крајно несериозно и има за цел да ја дефокусира јавноста од вистинските прашања за сметка на некакви средби, стои во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.
02.04.2018 - 13:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа