Бејли: Да ги поддржиме судиите кои ќе се спротивстават на притисоците

Американскиот амбасадор Џес Бејли на одбележувањето на Денот на правосудството во Скопје порача дека Владата на САД верува дека независното судство претставува камен-темелник на современата демократија, пишува Макфакс.

„И од вас зависи дали сето тоа ќе се реазлизира во Македонија. Граѓаните имаат огромни очекувања, сакаат силно судство кое ќе обезбеди фер и праведно судење и ќе побара одговорност од виновниците. Да ги поддржиме судиите кои ќе се спротивстават на притисоците однадвор и ќе постапуваат кон сите еднакво според законот и нема да подлежат на притисоци од политиката. Ќе има пречки на овој пат, дури и во САД има луѓе што вршат опструкција на правдата, но судиите се тие кои ќе покажат компетенција и ќе ја стекнат довербата кај граѓаните“, порача Бејли.

 

 

 

05.04.2018 - 16:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега