Одбраната побара иземање на судскиот совет во случајот „ТНТ“ на СЈО

Одбраната на обвинетите во предметот ТНТ бара изземање на судечкиот совет кој го води процесот. Според Адвокатот Еленко Миланов во така наречените бомби постоеле прислушувани разговори за судии кои ги водат процесите на СЈО.Ваквиот сомнеж, тој го темели на изјава од специјалната обвинителка Катица Јанева која во телевизиско интервју кажала дека се прислушувале и судии, објави Сител.

„Ваквото нивно појавување во овие нелегални разговори може да се смета дека пред истите можат да имаат третман на оштетени во постапките, а тоа пак е законска основа за нивно непостапување односно законскиот израз – изземање од постапување во постапките“, вели Еленко Миланов, адвокат.

Освен за судечкиот совет и поротниците, изземање се бара и за претседателите и нивните заменици на кривичен и апелација за што треба да одлучува Врховниот суд.. До крајот на работното време немаше одлука за тавките барања па судијата Огнен Ставрев го одложи денешното рочиште..

Во случајот ТНТ се обвинети Никола Груевски, Миле Јанакиевски, Тони Трајковски и уште тројца вработени од општина Гази Баба.. Според обвинението на СЈО, треба да одговараат за незаконско уривање на комплексот Космос.

 

 

 

05.04.2018 - 19:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега